Отворениот тренинг на италијанската фудбалска репрезентација, прв отворен за јавноста на Мундијалот во Бразил, предизвика голем интерес кај навивачите. Околу 5.000 присутни ги следеле „азурите“ кои тренираа во Натал по поразот од Костарика.
Поради повреда ги немаше голманот и капитен Џанлуиџи Буфон, Даниеле де Роси и Клаудио Маркизио. Лекарот на репрезентацијата Енрико Кастелаци изјави дека Де Роси најверојатно ќе го пропушти следниот дуел, а останатите двајца се очекува да бидат на располагање на селекторот Џезаре Прандели.
Италија во вторник (24 јуни) против Уругвај ќе се бори за пласман во осминафиналето, натпревар на кој ќе и биде доволен и бод, додека Уругвајците само со победа одат во следната фаза.