Репрезентацијата на Германија иако важеше за голем фаворит на дуелот со Алжир, дури по продолженија извојува победа и се пласира во четвртфиналето од Светското фудбалско првенство.
На синоќешниот дуел одигран во Бразилија во основите 90 минути немаше погодоци, а во продолженијата од два пати по 15 минути мрежите три пати се тресеа.
Германија имаше поголем посед на топката и се обидуваше најчесто со удари од далечина да го загрози противничкиот гол. Алжир даде силен отпор и се закануваше преку контра напади. Сепак до првиот гол се чекаа продолженијата.
Андре Ширле во 92.минута им донесе водство на „панцирите“, а Месут Озил во 120.минута ја потврди победата. Алжирците со голот на Абделмумене Џабу во 120+1.минута само го ублажија поразот.
По оваа победаГерманија ја очекува четвртфинална пресметка со Франција в петок на 4 јули.
Вечерва на СП се последните два осминафинални натпревара: Аргентина – Швајцарија (18 часот) и Белгија – САД (22 часот).