Секој репрезентативец на Франција ќе добие по 93.000 евра по вчерашната победа над Нигерија и пласманот меѓу осумте најдобри на Светското фудбалско првенство во Бразил.
Наградата за „триколорите“ доаѓа од договорот постигнат пред почетокот на Мундијалот со Француската фудбалска федерација според кој од вкупната сума добиена од ФИФА 30% ќе добијат играчите.
ФИФА на четвртфиналистите ќе им исплати по 10,2 милиони евра, па 30насто од оваа сума поделена на 33 фудбалери изнесува 93 илјади евра.
Во случај да играат полуфинале Французите ќе добијат по 131.000 евра, за финале премиите ќе им бидат по 145.000, а за освојување на титулата наградата за секој играч ќе биде по 230 илјади евра.
Франција в петок против Германија ќе се бори за влез во полуфиналето.