Франција е 5-тата репрезентација која обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство во Бразил.
„Триколорите„ во осминафиналниот натпревар, одигран попладнево во Бразилија, ја совладаа селекцијата на Нигерија со 2:0.
Франција преку Пау Погба во 79-минута, а по големата грешка на нигерискиот голман Ењема поведе со 1:0.
Конечните 2:0 за Франција, беа дело на нигерискиот фудбалер Јосеф Јобо кој во последната минута од натпреварот си постигна автогол.
Кој ќе биде противник на Франција во четвртфиналето ќе биде познато вечерва откако од 22 часот, својот дуел од осминафиналната рунда ќе го одиграат Германија и Алжир.
Потсетување, дека првите два четвртфинални парови ги сочинуваат, Бразил – Колумбија и Холандија – Коста Рика.
Последниот четвртфинален пар ќе го комплетираат победниците од утрешните натпревари во кои ќе играат, Аргентина – Швајцарија и Белгија – САД.