Италијанскиот судија Никола Рицоли ја доби довербата да го суди финалето на Светското првенство во Бразил меѓу Германија и Аргентина. Оваа одлука малку е изненадувачка особено што во финалето играат репрезентации од Европа и од Јужна Америка, па некако за очекување беше финалето да му биде доделено на некој судија од Азија.
На Мундијалот во Бразил, Рицоли досега судеше три натпревари: Шпанија – Холандија и Нигерија – Аргентина (од групната фаза), како и четвртфиналето Аргентина – Белгија.
Во својата кариера Рицоли го судеше финалето на Лигата на шампионите 2013 година меѓу Баерн и Борусија Дортмунд, како и финалето на Лига Европа меѓу Атлетико Мадрид и Фулам во 2010 година.
Рицоли ќе биде трет италијански судија, кој ќе суди финале на СП по Серџио Џонеља (1978 година) и Пиерлуиџи Колина (2002 година).