СП 2014: ФИФА ја објави листата кандидати за најдобар играч на Мундијалот

Од:

Пред одигрувањето на двата последни натпревара од Светското првенство во Бразил, ФИФА ја објави листата на десет фудбалери потенцијални добитници на признанието најдобар играч на Мундијалот.

Седум од кадидатите ќе имаат можност да играат во утрешното финале, а тоа се: Матс Хумелс, Филип Лам, Томас Милер и Тони Крос (Германија), Лионел Меси, Анхел Ди Марија и Хавиер Маскерано (Аргентина).

Покрај оваа „седморка“ во конкуренција се уште: Ариен Робен (Холандија), Хамес Родригез (Колумбија) и Нејмар (Бразил).

Наградата „Златна топка“ се доделува од Светското првенство 1982 година и за неа гласаат акредитирани новинари и Техничка група на ФИФА. Последен освојувач на наградата од СП 2010 година во Јужна Африка е Уругваецот Диего Форлан.

Во конкуренција за најдобар млад играч се: Мемфис Депај (Холандија), Пол Погба и Рафаел Варан (Франција), а за најдобар голман конкурират: Кејлор Навас (Костарика), Мануел Ноер (Германија) и Серхио Ромеро (Аргентина).

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска