Напаѓачот на Уругвај Луис Суарез на најдобар можен начин се врати во репрезентацијата. Откако го пропушти дуелот од првото коло со Костарика со два гола против Англија донесе важна победа за својата репрезентација.
-Ги сонував овие голови. Многу страдавме, но најважно е дека сега победивме. Но, во следното коло сме пред сериозен предизвик, ќе играме против Италија и тоа ќе биде истотака тежок натпревар. За сите кои не критикуваа, не видоа сега како изгледаме. Десетина минути пред вториот гол имав грчеви, но не сакав да го напуштам натпреварот. Благодарност до физотерапевтот, да не беше тој немаше да играм на Мундијалот , по победата изјави Суарез.
Во последното коло од групата Д Уругвај на 24.јуни игра против Италија.