Претседателот на ФИФА Сеп Блатер упати пофални зборови до Бразилците и со оценка 9,25 од можна 10 им даде признание на домаќините за се што сторија шампионатот да помине во најдобар ред.
Првиот човек на Светската фудбалска асоцијација беше самокритичен околу расистичките испади на СП и си даде задача, ФИФА да најде вистински начин да го спречи дискриминаторското однесување на навивачите.
За расизмот станало збор и на средбата со Путин. Во таа прилика Блатер потенцирал дека борбата против расизмот во фудбалот ќе биде приоритет за СП 2018 година.
Блаетр се осврна и на изборот на најдобар фудбалер на Мундијалот во Бразил. Неговиот коментар е дека малку бил изненаден што Лионел Меси ја доби „Златната топка“.