СП 2014: Билд се шегува со Роналдо

Од:

Германскиот спортски весник „Билд“ реши да се пошегува со Кристијано Роналдо по дебаклот на Португалија која на стартот на Мундијалот загуби од Германија со 4:0.

Во „Билд“ се појавија монтирани фотографии од германскиот селектор Јоаким Лев, и фудбалерите Филп Лам и Томас Милер со нивните ликови, ама со торзото на напаѓачот на Реал Роналдо во позата која ја зазема при прославата на четвртиот гол во финалето на Лигата на шампионите.

– Сега ние имаме мускули, стои во коментарот под монтираните фотографии.

И португалските медиуми се нафрлија врз нивната репрезентација, а во еден од нивните наслови стои – „Тим без глава и нозе“.

Поразот од 4:0 од Германија е највисокиот со Португалија на Светските првенства.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска