Репрезентативецот на Аргентина Анхел Ди Марија, кој се повреди на четвртфиналниот натпревар со Белгија има шанси да биде на располагање на селекторот Сабеља за неделното финале со Германија.
Овие најави стигнуваат од менаџерот на Ди Марија, Еугенио Лопес кој рече дека Анхел е во фаза на опоравување, сака да игра во финалето и ќе направи се за да може да се опорави.
– Се зависи од него, секако и од селекторот Сабеља. Евентуалниот настапот на Ди Марија за Аргентина е голема важност бидејќи на натпреварите на кои играше беше еден од најдобрите во својата репрезентација. Неговото присуство на теренот во финалето против Германија би било засилување за „гаучосите“, изјави Лопес.