СП 2014: Аргентина преку пенали до финалето

Од:

Аргентина е вториот финалист на Светското фудбалско првенство, откако синоќа по изведувањето на пеналите ја совлада Холандија со 4:2. Во основните 90 и продолженијата од 30 минути резултатот беше нерешен 0:0.

Ова беше еден од најнеинтересните натпревари на Мундијалот во Бразил. Често пати од трибините се слушаа свирежи упатени и кон едните и кон другите, како израз на негодување на присутните 60 илјади навивачи во Арена „Сао Пауло“.

Најсериозните шанси за гол се случија во последните моменти од основните минути кога ударот на Арјен Робен со лизгачки старт го спречи Хавиер Маскерано и не дозволи Холанѓаните да се радуваат. Аргентинците ја имаа можноста на мечот преку Родриго Паласио пред крајот на второто продолжение, но неговиот удар со глава беше спречен од холандскиот голман Јаспер Силесен.

Јунак на пенал серијата беше голманот на „Гаучосите“ Серхио Ромеро кој ги одбрани ударите на Рон Влар и Весли Снајдер.

Во финалето в недела во Рио де Жанеиро Аргентина ќе игра против Германија. Ова ќе биде трето финале меѓу овие две репрезентации на Светските првенства. 1986 година во Мексико Аргентинците победија со 3:2, а четири години подоцна во Италија се радуваа Германците по минималната победа од 1:0.

Ден порано (в сабота) за третото место ќе се борат Холандија и домаќинот на Мундијалот Бразил.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска