Здравствената состојба на возачот на Маруси, Жил Бјанки кој тешко се повреди на трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Јапонија и натаму е критична, но стабилна соопшти неговото семејство.
– Во недела се навршуваат четири седмици од несреќата на Жил. Неговата здравствена состојба и натаму е критична, но стабилна. Немаме нови информации.
– Упатуваме благодарност до сите ширум светот кои го поддржуваат нашиот Жил во оваа негова борба, се наведува во соопштението од семејството на францускиот возач.
Бјанки тешката повреда на главата ја доживеа на 5. октомври кога со голема брзина удри во подвижниот кран кој на патеката го подигаше болидот на Заубер.