Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин пристигна во базата на Тотенхем, соопшти прес-службата на лондонскиот клуб. Дваесет и седумгодишниот фудбалер претходно три недели беше подложен на воен тренинг во татковината Јужна Кореја.
– Погледнете кој се врати! – напишано е на официјалниот Твитер на Тотенхем.
Во сезоната 2019/20, Сон настапи на 32 натпревари за Спарс, постигна 16 гола и направи осум асистенции.