Тренерот на Манчестер јунајтед Оле-Гунар Солскјер зборуваше за протестите против сопствениците на клубот, семејството Глејзер.
Се очекува навивачите да одржат нови протести пред дуелот од 34. коло од Премиер лигата против Ливерпул.
– Важно е да се слушне мислењето на навивачите. Треба подобро да комуницираме со нив. Мојата работа е да се концентрирам на фудбалската страна на ова прашање, така што ќе ја добиеме најдобрата верзија на овој тим. Како што реков, „Глејзерс“ ме поддржуваат. Добивам поддршка и од клубот и од сопствениците. Сигурен сум дека ќе ми помогнат да направам нов чекор напред. Но, многу ми е драго што сите клубови се откажаа од Суперлигата. Кога ќе започнат протестите, важно е тие да продолжат достоинствено и да останат мирни, изјави Солскјер.
Манчестер јунајтед беше еден од шесте англиски клуба кој прифатија да играат во Суперлигата, но по два дена се откажа, откако новото натпреварување предизвика големи негативни реакции во фудбалската јавност и пошироко.