Солскјер стана првиот менаџер во Англија што направи 6 замени

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, стана првиот тренер во англискиот фудбал што направи 6 замени на еден натпревар. Ова се случи во четвртфиналето на ФА Купот против Норвич, што го добија „црвените ѓаволи“ со 2:1 по дополнителното време. Солскјер направи 5 замени во редовното време и една во дополнителните 30 минути.

Поранешниот напаѓач на Јунајтед не беше импресиониран од перформансите на тимот, но го пофали авторот на победничкиот гол Хари Мегваер и нигерискиот напаѓач Одион Игало.

– Беше турнирска битка. Немаше одличен спектакл, но добро ја контролиравме топката, иако беше тешко да се дојде до чисти позиции. Драго ми е што сме во полуфиналето и во исто време успеав да им дадам шанса на многу играчи. Среќен сум за Мегваер кој го постигна победничкиот гол. Некои од момчињата не играа на претходните натпревари, а денес беа на терен 90 или 120 минути. Во последно време честопати гостуваме и одлично се снаоѓаме на гостински терен. Направивме многу промени во составот и мислам дека оние кои беа на терен 120 минути денес се во доволно добра состојба да играат против Брајтон во вторник. Јас немав намера да ја чувам силата на играчите, иако имавме само 2 дена да се подготвиме, истакна тренерот на Манчестер Јунајтед.

Црвените ѓаволи се првиот тим кој стигна до полуфиналето на ФА Купот по 30-ти пат.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска