Со Пелегрини во Сити доаѓа и Пепе

Од:

Според пишувањата во шпанските медиуми, сигурен наследник на Роберто Манчини на тренерското место во Манчестер Сити ќе биде Мануел Пелегрини, а со него во пакет кај „граѓаните“ ќе пристигне и Пепе.

Пелегрини кој се уште е актуелен тренер на Малага веќе си зацртал цел на „Етихад“ во Манчестер како едно од првите засилувања да го доведе дефанзивецот на Реал Мадрид, португалскиот репрезентативец Пепе.

Португалецот би ја пополнил дупката во одбраната на Манчестер Сити доколку се остварат најавите за заминување на Коло Туре и Лескот.

Сопствениците на Манчестер Сити за овој трансфер би платиле 20 милиони фунти.

Пепе во последно време го изгуби местото во почетниот состав во Реал Мадрид. Мурињо се почесто го оставаше на клупата како резерва за младиот Рафаел Варан. з

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска