Во Дубаи се одржува настан под името „Дубаи шопинг фестивал‟, но токму тој настан е идеална можност локалните и странските богаташи да купат свој нов и луксузен дом. Во рамки на една акција, на продажба се нуди атрактивна куќа, а новиот сопственик на подарок добива Ламборџини.
Секако, се зависи од тоа каква куќа купува новиот сопственик. Освен Ламборџини, подарок може да биде и еден од луксузните модели теренци на БМВ.
Сите кои се заинтересирани не треба премногу да чекаат со оглед на тоа дека „акцијата‟ завршува на први февруари, пишува Б92.