Снегот што попладнево денеска почна да паѓа низ целата наша земја им направи проблеми на фудбалските прволигаши. Откажан е натпреварот во Кратово меѓу Силекс и Пелистер, а на трите денешни средби условите беа далеку од поволни за фудбал.
На „Автокоманда“ Скопје и Ренова одиграа 1:1, Победа и Ренова одиграа 3:3, додека Шкендија ја совлада Академија Пандев со 1:0.
Вчера Работнички го победи Вардар со 2:1.
По 21 рунда лидер е Шкендија со 11 бода предност пред Вардар.