Разгледувајќи го записникот, изјавите од службените лица како и сите дополнителни изјави кои беа дополнително побарани, Комисијата за натпревари на ФФМ, прекинатиот првенствен натпревар од 18.коло на Првата фудбалска лига меѓу Тетекс и Шкендија одигран на 9 декември во Ѓорче Петров го регистрира со службени 3:0 за Тетекс.
На овој дуел Шкендија во 86.минута го напушти терен со образложение дека е загрозена безбедноста на нивните фудбалери, откако неколку навивачи на Тетекс голот го прославија влегувајќи на теренот.
Поради ваквиот развој на настаните Шкендија, односно претставникот на клубот, тренерот и капитенот на екипата се предадени на Дисциплинската комисија на ФФМ.
И домаќинот на овој натпревар, екипата на Тетекс е даден на Дисциплинската комисија поради однесувањето на нивните навивачи кои влегоа на теренот.