Службени 3:0 на штета на екипата чии подржувачи предизвикуваат национализам, насилство и нетолеранција

Од:

Фудбалската федерација на Македонија пред почетокот на натпреварувачката 2013/2014 година изврши измени и дополнувања на Правилникот за натпревари на ФФМ.

– Според новиот член во Правилникот, во случај на грубо, вулгарно и непристојно скандирање на гледачите и подржувачите, како и истакнување пароли со неспортска и непристојна содржина, по неуспешен обид да се испразни предметната трибина поради што натпреварот е прекинат по барање на делегатот на првенствен или КУП натпревар, натпреварот ќе се регистрира со службен резултат 3:0 на штета на екипата чии гледачи/подржувачи биле иницијатори за ваквиот прекин.

– Ако органот за натпреварување утврди дека гледачите/подржувачи иницијатори за прекинот не се подржувачи на екипите учесници во натпреварот, односно дека за прекинот придонеле гледачите/подржувачи на двете екипи подеднакво, надлежниот орган може да одлучи да се одигра нов натпревар или прекинатиот да го регистрира со постигнатиот резултат, соопштуваат од ФФМ.

Со оваа одлука ФФМ решително влегува во борбата за искоренување  на национализмот, насилството и дискриминација од кој било вид од фудбалските натпревари.

Федерацијата се надоврзува на платформата на УЕФА за почитување на играта во сите нејзини сегменти и затоа во изминатиот период презеде низа активности и мерки против неспосткото навивање.

Преку презентирањето на кампањата „100% фудбал“, ФФМ укажа на потребата за координација на институциите и сите спортски федерации за согласност и единствен став кон решавање на проблемите врзани со насилството и национализмот во сферата на спортот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска