Ракометарите на Словенија и Чешка одиграа нерешено 26:26 во последното коло од главната фаза од Европското првенство кое што се игра во Хрватска.
Со овој резултат, Чешка има пет поени и се наоѓа на втората позиција, пред Германија, Шпанија и Словенија, кои следуваат со 4, но Шпанија и Германија се со натпревар помалку.
Германија и Шпанија својот натпревар го играат во 20 часот и 30 минути, а во терминот од 18 часот и 15 минути, Македонија ќе се спротивстави на Данска.
Македонија во моментов е последна со 3 поени, додека Данска е прва со 6.
Во другата група, Белорусија ја победи селекцијата на Србија и со 2 поени ја заврши групата на претпоследното место пред Србија, која што остана без поени.
Дербито во оваа група се игра вечерва од 20 часот и 30 минути, помеѓу Франција и Хрватска, а во терминот од 18 часот и 15 минути играат селекциите на Шведска и Норвешка.