Словенецот Глиха привремено решение на клупата на Косово

Од:

Словенечкиот фудбалски стратег и поранешен репрезентативец Примож Глиха ќе го предводи Косово на следните два натпревари идниот месец, против Грција во рамки на мундијалските квалификации и пријателскиот дуел порив Јордан, објавија денеска медиумите во Љубљана.

Глиха од почетокот на оваа година беше во улога на советник на Бернард Шаландес, кој неделава спогодбено го раскина селекторскиот договор, оставајќи го Косово последнопласирано во групата Б со само четири бодови од седум натпревари.

Медиумите наведуваат дека Глиха ќе биде привремено решени за испразнетата селекторска клупа, бидејќи Косовската фудбалска федерација ќе настојува на тоа место да седне Германецот Феликс Магат.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

Косово ако се пласира на ЕП нема да биде во група со Србија, Русија или БиХ

Косово импресионираше на „Сент Мери“, но Англија запиша голема победа

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Косово со нов национален стадион

Историска победа на косовските фудбалери

Ана Ололовска

ФИФА му дозволи на Косово да игра пријателски натпревари

Ана Ололовска