ВИДЕО: Косово со нов национален стадион

Од:

Во Приштина денеска, од страна на косовскиот министер за спорт Кујтим Гаши, е претставена студијата на новиот национален стадион кој ќе биде изграден во околината на главниот град и ќе прими 30 илјади гледачи.

Според Гаши, изградбата на стадионот ќе почне за неколку месеци, а во негови рамки ќе има и базени, хотели, паркови и ресторани, а кога во него ќе игра косовската репрезентација, ќе биде осветлен со сина боја.

Претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми истакна дека новиот национален стадион има голема важност за граѓаните на Косово кои го сакаат фудбалот.

А кога сме кај љубовта кон фудбалот, во Косово последниве неколку месеци преовладува вистинска фудбалска треска. Имено, репрезентацијата на оваа млада држава последните 14 натпревари ги одигра без пораз, со што обезбеди најмалку бараж на квалификациите за Еуро 2020.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

Словенецот Глиха привремено решение на клупата на Косово

Катерина Ѓуровски

Косово ако се пласира на ЕП нема да биде во група со Србија, Русија или БиХ

Косово импресионираше на „Сент Мери“, но Англија запиша голема победа

Татјана Ташкова

Историска победа на косовските фудбалери

Ана Ололовска

ФИФА му дозволи на Косово да игра пријателски натпревари

Ана Ололовска