„Скопје трча 10 км“ на 8 октомври

Од:

Во организација на „Виз Ер Скопски маратон“, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт во Скопје на 8 октомври (недела) ќе се одржи улична трка „Скопје трча 10 км“.

– „Скопје трча 10 км“ е нов спортски настан, кој ќе овозможи дополнителна шанса за спорт и рекреација на нашите граѓани. Во соработка со „Виз Ер Скопски маратон“ го подготвуваме овој значаен спортски настан за љубителите на трчањето, за да ги развиеме здравите навики кај младите. Трката на 10 километри ќе се одржи на 8 октомври, низ улиците на Скопје, во пресрет на 11 октомври, Денот на востанието, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека Агенцијата за млади и спорт и во претстојниот период ќе биде силен партнер и поддржувач на организацијата на настани од масовно-рекреативен карактер.

Членот на организацискиот одбор Гордана Николовска исткна дека оваа трка е планирана подолг период и дека конечно љубителите на трчањето ќе можат покрај Скопскиот маратон да настапат и на нова улична трка на задоволство на „тркачката заедница“ која постојано расте.

– Потребата за трка од овој вид се појави од порано и затоа ја сместивме да биде во есенскиот дел од сезоната. Трката е веќе влезена во календарот на Европската атлетска федерација и во календарот на Атлетската федерација на Македонија, изјави директорот на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски.

Тој изрази голема благодарност до Агенцијата за млади спорт за поддршката што ја дава за овој настан.

Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K) се организира од страна на Сојуз на спортови на Скопје, Атлетски клуб Работнички и Атлетска Федерација на Македонија. Пријавувањето почна на 15.09.2017 година (петок) и секој кој е заинтересиран за регистрација може да ја посети официјалната веб страна: http://www.skopje.run/.

Стартот и целта ќе биде на улица „Илинденска“ и секој што ќе ја заврши трката ќе добие медал-финишер, предвидни се: награден фонд, лотарија и добра забава за сите присутни на овој настан. Стартот на трката е во 9 часот, а покрај трката на 10 километри ќе има и штафетна трка (двајца атлетичари) 2 х 5 километри.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска