Скалони ја чува „десетката“ за Меси

Од:

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони и натаму смета на неговиот имењак Меси и покрај тоа што фудбалерот на Барселона не беше во составот на „гаучосите“ на последните пријателски натпревари.

– Дресот со број 10 и натаму е резервиран за Меси. Тоа ќе биде така се додека тој не одлучи дефинитивно за својата репрезентативна кариера, изјави Скалони.

Лионел Меси по завршувањето на Светското првенство во Русија изјави дека најверојатно става крај со настапите за националниот тим. Сепак тој се уште нема донесено конечна одлука.

Аргентина во саботата без Меси во составот, ја победи Гватемала со 3:0 на дуел одигран во Лос Анџелес, САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Судија погоден со шипка во глава, меч од аргентинска Примера е прекинат

А1он

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда