Манчестер сити вчеравечер го совлада Њукасл со 5:0 на натпреварот од 34-то коло од Премиер лигата. На овој меч „граѓаните“ остварија 93,7 % точни додавања, односно 787 од 840 обиди.
Ова е рекорд на англиската Премиер лига од почетокот на водење ваква статистика (сезона 2003/2004).
Манчестер сити го зазема 2. место на табелата во Премиер лигата со 69 бода по 34 одиграни кола.
Во следниот натпревар фудбалерите предводени од на тренерот Пеп Гвардиола ќе играт со Брајтон.