Сопствениците на Манчестер Сити ова лето ќе направат се да го донесат Едисон Кавани од Наполи на Етихад стадионот.
Последната понуда гласи 15.5 милиони евра годишно. Доколку Уругваецот прифати да премине во Сити, ќе стане најплатен фудбалер во Англија.
Кавани во овој случај би добивал 265 илјади фунти неделно (310.000 евра) и би ги престигнал Карлос Тевез и Вејн Руни кои земаат 250.000 фунти неделно.