Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Стефан Синовец се најде во ТОП 5 на 19.коло од АБА лигата и покрај пораот на неговиот клуб во петокот од Карпош Соколи.
Синовец стигна до 29 индексни поени и е на второто место на листата најкорисни играчи, веднаш зад Антабија Валер од Морнар кој е МВП на колот со 34 инд. поени.
Во ТОП 5 се уште и: Марко Симоновиќ од Црвена звезда (28 инд. поени), Радосав Спасојевиќ од Мега Лекс (27) и Џамар Рајан (26).
Одлична партија во триумфот на Карпош Соколи над градскиот ривал прикажа Бојан Трајковски кој со 12 скока е најдобар во ова категорија во 19.рунда.