Синовец се врати во МЗТ, си замина Мајсторовиќ

Од:

Српскиот интернационалец Стефан Синовец од денеска е нов член на МЗТ Скопје што претставува негово четврто доаѓање во клубот од Аеродром.

Тој претходно настапуваше во сезоните 2013/14, 2014/15 и 2016/17.
Синовец најавува дека ќе стори се да дојде до четвртата шампионска титула со „сино-белите“.

Неговиот договор е до крајот на сезоната, а тој доаѓа од таборот на Мега Бекамс, каде што во АБА-лигата имаше просек од 9,4 поени, 4,5 скока и 3,1 асистенции. Синовец се очекува да пристигне во Скопје утре рано наутро за да ги заврши сите формалности околу договорот и да може да дебитира на задутрешната пресметка со Кожув во салата „Јане Сандански“.

Од таборот на македонскиот шампион информираат дека екипата, ја напушта Ѓорѓе Мајсторовиќ со спогодбен раскин на договорот. Тој дојде на почетокот на ноември и одигра 14 средби во регионалното натпреварување со просек од 4,8 поени и 2,7 скока.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он