Синот на Михаел Шумахер го посети седиштето на Ферари во Маранело каде се сретна со пријателите на неговиот татко Михаел Шумахер, неприкосновениот шампион на италијанскиот тим.
Во разговорите беше вклучен и поранешниот инженер на екипата Лука Балдизери а посетата е во склоп на неговите тестирања на новиот болид со кој ќе се натпреварува во Ф-4.
Михаел и натаму е во тешка но стабилна состојба по повредите задобиени на француските алпи за време на скијање.