Фудбалерот на Каљари, Џовани Симеоне е пред трансфер во Премиер лигата, објави денеска шпанскиот весник „Марка“.
Според истиот извор, интерес за 25-годишниот син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, покажува Вест Хем, како замена за Себастијан Алер, кој замина во Ајакс.
Џовани Симеоне сезонава во дресот на италијанскиот прволигаш постигна пет голови, додавајќи и една асистенција, на 16 натпревари.
Аргентинецот претходно настапуваше за Џенова и Фиорентина, како и за аргентинските Ривер Плата и Банфилд, а има и пет настапи во дресот на Аргентина.