Симона Халеп: Минатата година ми беше најтешка во кариерата

Од:

Поранешната тенисерка број 1, Симона Халеп, која денеска ја победи Дестани Ајава во првото коло на турнирот во Мелбурн (6:4, 6:2), ги сподели своите очекувања од настапите во 2022 година.

– Минатата година беше многу тешка и можеби најтешка во мојата кариера, но сега сум среќна што се враќам во Австралија. Навистина имам топли чувства за ова место, па затоа денешната победа ми значи многу. Мислам дека паузата поради повредата ми овозможи малку да се одморам – бев во врвот долги години и притисокот беше многу висок. Се чувствував неверојатно исцрпено.

Следна ривалка на Халеп на турнирот во Мелбурн ќе биде нејзината сонаро дничка Елена-Габриела Русе.

Би можело да ве интересира

Халеп е суспендирана на четири години поради допинг

Горан Наумовски

Халеп доби забрана за настап на УС Опен поради допинг скандал

ВИДЕО: Светски познатата тенисерка се омажи за милијардер со потекло од Македонија

А1он

Симона Халеп нема да игра на Ролан Гарос

Жарко Настоски

Халеп се откажа од турнирот во Доха

Мечот Халеп – Рибакина најдобар за оваа година во изборот на ВТА

Катерина Ѓуровски