ФОТО: „Шверцери“ се фалат дека тие го предизвикале инцидентот во Белград

Од:

На фејсбук страницата на навивачката група „Шверцери“ од Скопје објавено е тврдење дека инцидентот на вчерашниот натпревар меѓу Албанија и Србија е предизвикан од неколкумина нивни членови.

Тврдењето од фејсбук страницата е преземено и од неколку регионални медиуми, па така хрватската новинска агенција Хина пренесува дека токму Албанци од Македонија се организаторите на инцидентот кога беспилотно летало со мапа на Голема Албанија и ликовите на албанските национални водачи Исмаил Ќемали и Иса Болетина се појави над теренот на стадионот Партизан.

Појавувањето на мапата предизвика тепачка меѓу фудбалерите на Србија и Албанија, а потоа и навлегување на навивачи на стадионот, по што албанските репрезентативци го напуштија теренот.

Српските медиуми за инцидентот го обвинија Олси Рама, братот на премиерот на Албанија Еди Рама, кој беше еден од ретките Албанци кои го следеа натпреварот, од ВИП ложата на стадионот во Белград.

Натпреварот беше затворен за навивачи од Албанија.

denis-basic-dron-foto-facebook-1413365087-581357

dron-albanski-navijaci-foto-facebook-1413364595-581356

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он