Шведска по продолженија обезбеди пласман во финалето на ЕП во ракомет

Од:

Ракометарите на Шведска по две продолженија по 5 минути обезбедија пласман во финалето од Европското првенство во ракомет кое што се игра во Хрватска, совладувајќи ја Данска со 35:34.

Швеѓаните го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар, водејќи со 16:14 на полувремето.

Данска се доближи кон крајот на натпреварот, а резултатот по истекот на 60те минути беше 28:28. Данците изедначувачкиот гол го постигнаа во последната секунда од мечот.

Во продолженијата, Швеѓаните повторно започнаа подобро и по првите 5 минути имаа предност од 1 разлика, која што ја задржаа до самиот крај.

Шведска во недела во големото финале ќе игра против Шпанија, додека Франција и Данска ќе ги одмерат силите во натпреварот за 3. место.

Би можело да ве интересира

Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

А1он

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска

Врањеш: Македонците се силен противник, очекувам тежок натпревар

Ана Ололовска

Седмо Европско првенство и 14. учество на големите натпреварувања за македонската ракометна репрезентација

Ана Ололовска