Михаел Шумахер по неговиот инцидент со Бруно Сена на неделната трка во Шпанија изјави дека Бруно Сена е виновен за инцидентот.
„Погледнете ја неговата линија на движење и ќе видите дека се движи на десно за да ја одбрани својата позиција, а веднаш потоа во фазата на кочење, се движи на левата страна точно пред мене. Јас се обидов да го избегнам од внатрешната страна, но веќе беше премногу доцна… Многу фрустрирачки.”, изјави Шумахер.
http://www.youtube.com/watch?v=cs1FEryFo9M
Шумахер беше запрашан како се чувствува за тоа што не успеа да финишира во три од првите пет трки, посебно со болид кој што е способен за победи.
„Не мислам дека денес имавме болид со кој што можеше да се победи на трката, но сепак можевме да освоиме добри поени. Имавме добра брзина, а Сена од друга страна не беше фаворит и не беше во состојба да се бори за позиции”, заклучу Шумахер