Шумахер најавува пензионирање за паметење

Од:

Шест години по своето прво повлекување од Формула 1, Германецот Михаел Шумахер (43) во недела на Големата награда на Бразил по втор пат, сега и дефинитивно, ќе става точка на кариерата.

Овој пат, седумкратниот светски шампион во Формула 1 има намера да ја извози неговата проштална трка за паметење.

„Оваа патека во Сао Паоло оживува сеќавања на Аиртон Сена. Јас секогаш сакав да доаѓам во Интерлагос, поради страсните навивачи“, рече Шумахер кој првата титула ја освои со Бенетон 1994 година после трагичната смрт на Сена на патеката во Имола.

„Моето опростување од Формула 1 ќе биде помалку емоционално овој пат, бидејќи мојот тим не се бори за титулата, како што тоа беше во 2006 година“, истакна Шумахер.

Германскиот возач покрај седумте титули во својата кариера, оствари 91 победа, 155 пати бил на подиумот и 68 пати ја освојувал пол-позицијата.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он