Германецот Давид Шторл, светскиот шампион од Даегу и олимписки вицешампион од Лондон, ја одбрани светската титула во фрлање ѓуле, со фрлени 21.73 метри.
Иако прво судиите го кренаа црвеното знаменце, тој приложи жалба и тоа фрлање беше признаено.
Американецот Рајан Вајтинг го освои сребрениот медал со 21.57 метри, а Дилан Армрстронг од Канада стигна до бронзата со 21.34 метри.