Штох победник на првата скокалница од Новогодишната турнеја

Од:

Полскиот ски скокач Камил Штох е победник на првата скокалница од Новогодишната турнеја што се одржа денеска во германскиот град Оберсдорф. Тој освои 279.7 поени со два скока со должини од 126 и 137 метри.

Второто место му припадна на Германецот Рихард Фрајтаг кој освои 275.5 поени (скокови 128.5 и 127 метри).

Третото место му припадна на Давид Кубачки од Полска со 270.1 поени и скокови со должина од 126.5 и 129 метри. Ова за Кубачки е прв пласман на победничкиот пиедестал, додека за Штох ова беше 23-та победа во Светскиот куп.

Денешниот победник Штох е лидер на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, додека во Светскиот куп по осмиот натпревар на водечката позиција е Фрајтаг со 630 бодови, а втор е Андреас Велингер (Германија) со 425.

Следниот натпревар од Новогодишната турнеја ќе се одржи на 1 јануари во Гармиш – партенкирхен.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски