Штох победник на денешните летови во Оберздорф

Од:

Камил Штох од Полска е победник на денешниот натпревар од Светскиот куп на скокалницата во Оберздорф. Тој „леташе“ 214,5 и 227,5 метри за вкупно 413,2 бода.

За Штох кој е актуелен шампион во Светскиот куп ова беше 32 победа во кариерата и прва оваа сезона, воедно и седми подиум.

Второто место го освои Евгениј Климов од Русија со летови од 220,5 и 223,5 метри, односно 407,9 бода. За Русинот ова е втор најдобар резултат во неговата кариера.

Третото место му припадна на Давид Кубацки со 405, 4 бода по 207 метри во прват аи 228,5 метри во втората серија.

Во Генералниот пласман води Рјоју Кобајаши со 1.380, пред Штох кој има 929, трет е Стефан Крафт со 917 бода.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски