Штефан Крафт победник на првата од четирите новогодишни скокалници

Од:

Австриецот, Штефан Крафт е победник на првиот натпревар од 65-тото издание на новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Крафт со скоковите од 139 метри во првата и 134,5 метри во втората серија заработи највисоки оценки од судиите на натпреварите кои се одржаа на скокалницата во германскиот ски-центар Оберсдорф.

Зад Австриецот, на второто место се пласира Камил Штохл од Полска со скоковите од 137 и 135 метри, додека третото место му припадна на Михаел Хајбоек од Австрија кој имаше скокови од 135 и 133 метри.

Најдобрите ски-скокачи веќе утре се селат во Гармиш-Партенкирхен, каде традиционално на првиот ден во новата година ќе се одржат натпреварите на оваа скокалница.

Потсетување дека по настапите во Германија, турнејата продолжува во австриските ски-центри Инсбрук ( на 4 јануари) и Бишофсхофен ( на 6 јануари). ит/см/19:18

Би можело да ве интересира

Трагичен крај на потрагата: По пет месеци, скијачот пронајден мртов

Закрепнува норвешкиот ски-скокач Танде, кој имаше страотен пад на Планица

Жарко Настоски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ужасен пад на Планица, норвешкиот ски-скокач Даниел-Андре Танде е во кома

Жарко Настоски

Ски-скокачот Жила го освои мундијалското злато на малата скокалница во Оберздорф

ВИДЕО: Луд подвиг, се спушти нанaзад на ски-скокалница

Катерина Ѓуровски

„Четири скокалници“: Кубацки со рекорден скок триумфираше во Гармишпартенкирхен

Ана Ололовска