Во финалето на второто по квалитет клупско европско кошаркарско натпреварување ќе играат Уникаха и Валенсија.
Синоќа во решавачкиот трет дуел од полуфиналната пресметка, Валенсија го победи Хапоел Ерусалим со 90:75. „Мајсторката беше решена веќе по третио период кога предноста на Валенсија изнесуваше 25 поени, за до крајот гостите од Израел само да дојдат до минус 15.
Најефикасен во домашниот состав беше Сан Еметерио со 15 поени, за Хапоел најмногу поени постигна Куртис Џералс – 19.
Противникот на Валенсија, тимот на Уникаха порано ја заврши работата во пресметката со Кубан и со 2-0 во победи избори финале во Еврокупот.