Шпанија со победа се збогува од Мундијалот

Од:

Селекцијата на Шпанија со победа се збогува од Светското првенство во Бразил.

Сеуште актуелниот светски шампион, Шпанија ја совлада Австралија со 3:0 во натпревар од последното коло на Г групата, одигран попладнево во Куритиба.

Стрелци на головите за „Црвената фурија“ беа, Давид Виља (36-минута), Фернандо Торес (69) и Хуан Мата (82).

Со два порази (од Холандија 1:5 и Чиле 0:2) и само една победа, односно само три освоени бодови, селекцијата на Шпанија го освои третото место во оваа група во која Холандија е прва (9 бодови) и заедно со второ пласираниот Чиле (6 бодови) продолжуваат во осминафиналната рунда.

Покрај Шпанија, првенството заврши и за репрезентацијата на Австралија која ги загуби сите три натпревари.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска