Шпанците демантираа наводно скандалозно однесување на нивните фудбалери

Од:

Шпанската фудбалска федерација преку соопштение ги демантира пишувањата во бразилските медиуми дека репрезентативците по натпреварот со Уругвај во првото коло од Купот на конфедерациите, наводно имале „луда забава“ во хотелот во кој биле сместени.

Како што беше наведено во медиумите, шпанските фудбалери победата над Уругвај од 2:1 ја прославиле со многу алкохол и секс со локалните проститутки со кои претходно играле покер на соблекување.

За разлика од бразилските медиуми кои јавија за „незаборавна вечер“ на шпанските фудбалери, одговорните во репрезентацијата на светскиот и европски првак таа ноќ пријавиле кражба на пари извршена во собите на шест фудбалери.

Од Шпанската федерација информираат дека и покрај нарушените чест и углед на репрезентацијата, тоа нема да влијае врз нивната игра во полуфиналето од Купот на конфедерации против Италија закажано за в четврток.

Би можело да ве интересира

Најубавата фудбалерка на светот има над 15 милиони следбеници, повеќе заработува надвор од теренот

Тренерот на ЦСКА Софија удрен во главата

Груевски пред мечот и по коментарот на Имобиле: 10 декари земја се неспособни да одржуваат

Предраг Петровиќ

Хрватска го вклучи алармот: „Грците планираат пробив со озлогласените белграѓани“ во Сплит и Загреб“

Предраг Петровиќ

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

Савичевиќ: Само во Хрватска има култ кон репрезентацијата и затоа се успешни