Шок на стартот на Вимблдон – рускиот тенисер Данил Медведев елиминиран уште во првото коло

Од:

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во првото коло на Вимблдон од Французинот Бенџамин Бонзи.

Французинот победи со 3:1, во сетови (7:6, 3:6, 7:6, 6:2).

Бонзи, 64-ти на АТП листата, направи големо изненадување елиминирајќи го моментално деветтиот тенисер на планетата и двапати последователен полуфиналист.

Во првиот сет немаше брејк, па затоа беше одлучено со тај-брејк во кој Бонзи беше убедлив. Медведев возврати во вториот сет, еден брејк му беше доволен за да израмни. Во третиот сет, двајцата тенисери направија брејк во раната фаза, па повторно тај-брејкот одлучи, во кој Бонзи повторно беше убедлив.

Во четвртиот сет, играта на Медведев се распадна, Бонзи направи два брејка и со тоа рутински го донесе мечот до крај.

Во второто коло, Бонзи ќе игра против победникот од натпреварот Вит Коприва (Чешка) – Џордан Томпсон (Австралија).

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Чешките тенисерки Линда Носкова и Каролина Мучова ќе играат во финалето на Вимблдон

(ВИДЕО) Бајка на Вимблдон, 114-тиот светски играч е во полуфинале

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Историски успех на македонската тенисерка Лина Ѓорческа – се пласираше на Вимблдон

А1он

Сензација во Париз – Данил Медведев елиминиран уште во прво коло на Ролан Гарос

А1он