Историски успех на македонската тенисерка Лина Ѓорческа – се пласираше на Вимблдон

Од:

Најдобрата македонска тенисерка – Лина Ѓорческа постигна историски успех со победата на финалниот меч од квалификациите за пласман на главниот турнир на неофицијалното светско тениско првенство – Вимблдон.

По двете претходни победи во квалификациите, Ѓорческа денеска ја совлада италијанската тенисерка Лусија Бронцети со 2:0 (6:1, 6:2).

Успехот е дотолку поголем ако се знае дека Италијанката на ВТА-листата се наоѓа речиси 100 места пред македонската претставничка и важеше за фаворит во овој дуел.

Наспроти послабиот рејтинг, Ѓорческа влезе самоуверено во натпреварот и доминантно освојуваше гемови, не давајќи и ни најмала шанса на својата противничка.

Со тоа Ѓорческа го постигна најголемиот успех на некој македонски тенисер во машка или женска конкуренција бидејќи обезбеди учество во поединечна конкуренција на некој грен слем турнир.

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Чешките тенисерки Линда Носкова и Каролина Мучова ќе играат во финалето на Вимблдон

(ВИДЕО) Бајка на Вимблдон, 114-тиот светски играч е во полуфинале

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Ѓорческа – Анисисимова на Вимблдон – историја за Лина и за македонскиот тенис

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Принцезата Кејт пречекана со овации на Вимблдон

А1он