„Шкупи“ вторпат поразен од „Левски“

Од:

Македонскиот претставник во Конференциската лига „Шкупи“ го заврши настапот во европските купови, откако вечерва загуби на гостувањето во Софија од „Левски“ со 1-0 и со вкупен резултат од 3-0 е елиминиран во второто квалификациско коло.

„Шкупи“ допатува на реваншот на стадионот „Георги Аспарухов“ со тешка задача да ја анулира негатива од 0-2 од минатиот четврток во Скопје.

Македонскиот тим имаше свои шанси на реваншот кои не успеа да ги искористи, а казната за тоа дојде во 11 минута од судиското продолжение кога Марин Петков му донесе триумф на „Левски“.

Своите најзрели шанси „Шкупи“ ги пропушти во финишот на натпреварот кога голманот на „Левски“, Андреев, во два наврати со фантастични одбрани ги скроти ударите на Реналдо Цефас.

По елиминацијата претходно на „Македонија Ѓорче Петров“ и на „Шкендија“, единствен македонски претставник во Конференциската лига остана актуелниот шампион „Струга“, чиј противник во третото квалификациско коло ќе биде „Свифт Хеспер“ од Луксембург.

Би можело да ве интересира

Бугарското МНР бара ефикасна истрага и спроведување на правдата за случајот со повредениот навивач на Левски

Горан Наумовски

МНР: Ги осудуваме вчерашните инциденти пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски

Горан Наумовски

УЕФА го скрати списокот со потенцијалните ривали на Шкупи

Комплетирани осминафиналистите во Македонскиот фудбалски куп

А1он

ПМФЛ: Дербито во Тетово без голови

А1он

Шкупи обвинува за нечесни игри во фудбалот

А1он