Шкупи остана без тренер по оставката на Рамадан

Од:

Прволигашот од скопската населба „Чаир“, екипата на Шкупи ќе треба да си бара нов тренер, откако Зекирија Рамадан поднесе оставка.

Тренерското место во Шкупи остана испразнето како резултат на неочекуваниот пораз вчера во Купот на Македонија од нисколигашот Кит Го.

Рамадан преку социјалните мрежи оставката ја оцени како морален чин.

– Не ги остваривме очекуваните резултати изминатиот период и поради тоа одлучив дека треба да ја напуштам тренерската позиција. На клубот му посакувам многу успех во иднина, изјави Рамадан.

Се очекува во најскоро време раководството на Шкупи да именува нов шеф на стручниот штаб.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска