Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Од:

Мечот од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е дефинитивно прекинат и нема да продолжи. Вистинска „војна“ се случи денеска на стадионот Чаир откако во десеттата минута навивачи на Шкупи влетаа на теренот за да се пресметаат со стрелецот на водечкиот гол за Шкендија, Дашмир Елези.

Владееше хаос, општа тепачка на теренот, навивачите ги нападнаа фудбалерите на Шкупи, а потоа имаа жестока пресметка и со полицијата, која на крајот ја стави ситуацијата под контрола.

Судијата Јован Качевски и делегатот одлучија дека мечот нема да продолжи, затоа што може да доведе и до нови несакани последици, можеби и човечки жртви.

Сега прекинатиот натпревар ќе се префрли во органите на ФФМ, Натпреварувачката комисија и Дисциплинската комисија на ФФМ.

Би можело да ве интересира

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

А1он

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции поради трагедијата во Кочани

А1он

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија

Од следната сезона ВАР и во македонскиот фудбал

Катерина Ѓуровски

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски