Македонскиот претставник Шкендија со предност 2:0 од првиот дуел во Скопје влегува во денешниот реванш натпревар против Арарат во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Тетовскиот тим се надева дека ќе успее да се пласира во следната рунда од натпреварувањето.
Добивај вести на вибер
„Имавме добар прв натпревар, имаме позитивен резултат, но сега не чекаат уште тешки 90 минути во Ереван. Мора да бидеме максимално фокусирани и да истраеме во нашата цел. Верувам дека ако бидеме на вистинското ниво, ќе успееме да се пласираме во следната рунда“, изјави Ферхан Хасани.
Аденис Шала и Валмир Нафиу беа стрелци за Шкендија на првиот меч во Скопје.
Натпреварот меѓу Арарат и Шкендија се игра на стадионот „Вазген Саргсјан“ во Ереван, со почеток од 17 часот.
Извор: Топспорт