Македонскиот претставник Шкендија го доби евентуалниот противник во плеј-офот во Конференциската лига на УЕФА. Доколку го мине АИК Стокхолм, следниот ривал може да биде Фенербахче или Словачко.
Евентуален ривал за Конференциската лига доби и Шкупи.
Косовскиот тим Балкани или Ки Класвик од Фарските острови ќе биде евентуалниот противник на македонскиот првак Шкупи за плејофот во Конференциската лига, доколку чаирчани не успеат да го елиминираат ирски Шамрок во третото коло во квалификациите за Лига Европа.
Извор: Топспорт